Ристов: Младите во Македонија не се аполитични, туку активни учесници во политиката преку Левица!

123
Ристов: Младите во Македонија не се аполитични, туку активни учесници во политиката преку Левица!

Членот на Президиумот на #Левица Бранко Ристов во гостувањето на Инфомакс:

“Не е точно дека младите се аполитични и песимисти, нашето членство е доказ дека тоа воопшто не е точно. Освен што сме најмлада партија во поглед на време на постоење, ние сме најмлади и во поглед на структурата.

Имаме постојан прилив на млади луѓе кои преку Левица стануваат активни учесници во политиката и кои не доаѓаат за со членска книшка да очекуваат вработување, каков што е случајот во другите партии.

Се трудиме да го обезбедиме тој простор за политичка артикулација на потребите на младите и преку учество во процесот на одлучување да успееме да ги задржиме, бидејќи младите се иселуваат поради товарот кој го носат од грешките од минатото.”



Извор на соопштението

Претходно соопштениеНатпартиската соработка во Клубот на пратенички е пример за унапредување на родовата еднаквост
Следно соопштениеОдржана Работилница за градење капацитети на новите членови и заменици на членови на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2021-2023