РК Еурофарм Пелистер – Свечена академија и ревијален натпревар во чест на 70-от роденден на РК Пелистер!

54
РК Еурофарм Пелистер – Свечена академија и ревијален натпревар во чест на 70-от роденден на РК Пелистер!

Со свечена академија се потсетивме на седумте децении организирано ракометно движење под името Пелистер. Надојдоа емоциите со видео-пораки од целиот свет, а со овации беа наградени оние кои предвреме нè напуштија.

Уникатно задоволство беше да се видат Цане Крстевски и Касим Каменица на клупите, а Пепи Манасков, Кире Поповски, Александар Мирзамамедов, Душан Новокмет, Александар Зарков, Игор Николовски, Златко Димитровски, Слободан Николиќ и уште многу, многу други…

Ако нешто ви значи резултатот, „зелениот“ Пелистер го совлада „синиот“ Пелистер со 18-17.

Нека ни е вечен Пелистер!



Извор на соопштението

Претходно соопштениеКостовски: Левица тргна по стапките на ДУИ, гласаше против многу проекти во општина Бутел
Следно соопштениеЈавноста има право да знае колку пари Филипче инвестирал во Дубаи за да добие златна виза и како ги заработил?