Олимпискиот стипендист на МОК, Ангел Петрушев избран за Спортист на Велес за 2025 година

56
Олимпискиот стипендист на МОК, Ангел Петрушев избран за Спортист на Велес за 2025 година

Македонскиот олимписки комитет со огромно задоволство информира дека нашиот олимписки стипендист и еден од најперспективните македонски кајакари, Ангел Петрушев, по четврти пат ја освои престижната титула „Спортист на Велес“. Ова признание доаѓа како потврда за неговата доминација, исклучителните резултати и континуираниот напредок на домашната и меѓународната сцена во текот на 2025 година.

На свечената церемонија која се одржа на бродот „Панини“, во организација на Сојузот на спортови на Велес и Општина Велес, наградата на Петрушев му ја врачија Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски и Заменик градоначалничката на Општина Велес, Елизабета Митревска Ангелеска.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКога веќе следите, зошто не објавите фотографии од Дубаи?
Следно соопштениеКАРПОШ СО ПОДДРШКА ЗА ПРОЕКТОТ „ЕВРОПСКА ПРЕТСТОЛНИНА НА КУЛТУРАТА – СКОПЈЕ 2028“