Празнична магија на Струмичкиот базар со одлична музика и заедништво

52
Празнична магија на Струмичкиот базар со одлична музика и заедништво

Денеска, празничната атмосфера на базарот во Струмица ја збогати и присуството на градоначалникот Петар Јанков, кој заедно со граѓаните уживаше во третата вечер од програмата.

Музичкиот дел од вечерта беше исполнет со одлична енергија и празничен дух, со настапите на Теодора со бенд и групата One Way, кои испратија силна и топла порака во духот на празниците – порака за Дедо Мраз, радост, заедништво и детска насмевка.

Празничниот базар продолжува и во наредните денови со богата програма и изненадувања за сите генерации.

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКАРПОШ СО ПОДДРШКА ЗА ПРОЕКТОТ „ЕВРОПСКА ПРЕТСТОЛНИНА НА КУЛТУРАТА – СКОПЈЕ 2028“
Следно соопштениеДали СДС на Бихаќка ќе слават Нова година по дубајско време како нивниот лидер Заев и Филипче дали и овој пат го резервираа навреме Харис да им пее?