КУД “Китка” од Драчево со јавен час го одбележа Денот на жената

129
КУД “Китка” од Драчево со јавен час го одбележа Денот на жената

По повод Интернационалниот ден на жената 8 Март, КУД “Китка” одржа јавен час во Домот на култура во Драчево.

Со желба, на сцена да покажат како работат и учат, а со тоа да им го разубават празникот на најблиските кои беа во публика, играорците од ова културно уметничко друштво, приредија тричасовен настан исполнет со песни и ора.

За присутните жени во публиката, КУД “Китка” обезбеди скромни подароци кои играорците сами ги изработија, а настанот беше заокружен со мала закуска и дружба по завршувањето на часот.

Додај коментар



Извор на соопштението

Претходно соопштениеСредба помеѓу Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и постојаниот претставник на UNDP во Македонија Армен Григоријан
Следно соопштениеСоветот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи дваесет и првата пленарна седница