ИСЧИСТЕНА МИНИ ДЕПОНИЈА ВО НАСЕЛБАТА КОЗЛЕ

112
ИСЧИСТЕНА МИНИ ДЕПОНИЈА ВО НАСЕЛБАТА КОЗЛЕ

Во координација со Секторот Инспекторат од Општина Карпош, денеска лицата задолжени за одржување на јавната хигиена во локалната самоуправа спроведоа акција за расчистување на теренот во населбата Козле. Притоа, хигиеничарите од Карпош со помош на соодветна механизација ја исчистија помалата депонија која ја затекнаа на улица „Ловќенска“. Службите од Карпош и понатаму ќе работат со зголемен интензитет на одржување на чистотата на своја територија, а денешната акција е всушност продолжение на комуналните активности кои хигиеничарите од Карпош деновиве ги реализираа низ населбата Злокуќани.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеИЗВЕШТАИ ЗА ИЗВРШЕНА ПРОВЕРКА НА ОБЈАВЕНИТЕ ДОКУМЕНТИ И ИНФОРМАЦИИ КОИ ИМАТЕЛИТЕ СЕ ОБВРЗАНИ ДА ГИ ОБЈАВАТ НА СВОИТЕ ВЕБ-СТРАНИЦИ
Следно соопштениеНе сме знаеле дека СДС ја измислиле способноста на луѓето да комуницираат помеѓу себе, да не треба и аплауз како за Филипче?