Мицкоски положи свежо цвеќе во чест на жртвите од депортацијата на македонските Евреи во логорот Треблинка: Тагата и болката се сеуште присутни, да извлечеме поука и да ја гледаме објективно историјата

113
Мицкоски положи свежо цвеќе во чест на жртвите од депортацијата на македонските Евреи во логорот Треблинка: Тагата и болката се сеуште присутни, да извлечеме поука и да ја гледаме објективно историјата

Денес положивме свежо цвеќе по повод 80 годишнината од депортацијата на македонските Евреи во логорот Треблинка од времето на фашистичката окупација на Македонија.
Овој чекор е сеќавање за човечката голгота и жртвата на невините луѓе, како и опомена за страотните последици на војната предизвикана од фашистичките окупатори на Македонија.
Денеска се сеќаваме за 7144 наши сограѓани кои заминаа од своите домови и никогаш повторно не се вратија. Тагата и болката се сѐ уште присутни. Да извлечеме поука и да ја гледаме објективно историјата која ни кажува дека војната и непријателството го раѓа семето на злобата, уништувањето и заедничката несреќа.
Таквиот геноцид е најцрниот настан во историјата на човештвото.

Катастрофата од геноцидот никогаш да не се повтори, но и да не се заборави!

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/pfbid0BnftJf4ekkyeEkjReVB4rr5EyPTsdmXTiq6ZS4CJqzokGVwqe2GAaGr3D8qL2TTQl

Извор на соопштението

Претходно соопштениеДелегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит по повод одбележувањето на 80 години Холокаустот на македонските Евреи „11-ти Март 1943 – Никогаш повеќе”
Следно соопштениеЦените на производите паѓаат, растат платите и пензиите, грижата на СДСМ на дело