РК Еурофарм Пелистер – Непредвиден пораз во плеј-аутот на Еурофарм Пелистер 2 во Куманово

9
РК Еурофарм Пелистер – Непредвиден пораз во плеј-аутот на Еурофарм Пелистер 2 во Куманово

Ракометарите на Куманово му нанесоа уште еден пораз во плеј-аутот на Еурофарм Пелистер 2, откако славеа со 31-29.

Сега Куманово има 11 бодови на чевртото место, далеку зад третопласираниот Пролет со 21, а четири бода пред Струга, која е на петтата позиција со седум освоени бодови.

Домашните уште од стартот си го „фатија редот“, ја градеа предност, која на паузата беше пет погодоци, 20-15. Во вториот дел битолчани се доближија на минус еден, 23-22, и натаму се бореа и не се откажуваа до крајот.

По 30-26, домаќините се опуштија, Еурофарм Пелистер 2 даде три гола во серија за 30-29, но немаше време за нешто повеќе, а Куманово го искористи последниот напад и нивното славје можеше да почне.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Моќно второ полувреме и убедлива победа на Еурофарм Пелистер 2 против Струга
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Граховац и следната сезона во зелено-белиот дрес