Сакаш да станеш дел од тимот на врснички едукатори за сеопфатно сексуално образование?

113
Сакаш да станеш дел од тимот на врснички едукатори за сеопфатно сексуално образование?

ХЕРА, во рамките на својата програма за неформално сеопфатно сексуално образование (ССО), објавува повик за учество на обука за врснички едукаторки и едукатори.  

Обуката опфаќа:  

  • I дел: тридневна обука за теоретско запознавање со седумте компоненти на ССО: род, тело и слика за телото, сексуално и репродуктивно здравје, врски и односи, сексуалност и сексуално однесување, насилство и граѓански аспекти на сексуалноста и репродукцијата. Обуката ќе се одржи од 3 до 5 март на локација надвор од Скопје.  
  • II дел: дводневен практичен дел за спроведување на работилници и процес на акредитација на врсничките едукатори. Овој дел ќе се оддржи на 25 и 26 март во Скопје.  
  • Сите учесници кои ќе ја поминат акредитацијата ќе станат сертифицирани едукатори и едукаторки на ХЕРА и ќе имаат можност да спроведуваат едукации на млади.   


Ги покануваме да се пријават сите млади кои се:
 

  • на возраст од 16 до 23 години,
  • мотивирани да водат работилници за едукација на врсници,
  • имаат основни познавања за сексуално и репродуктивно здравје и права и
  • сакаат да работат во тим, знаат да исполнуваат задачи навреме.

Пожелно е пријавените да:  

  • имаат волонтерско и активистичко искуство во областа на човековите права и/или
  • да се студенти/студентки на институтите за род, психологија, филозофија, социјална работа, Медицинскиот или Правниот факултет.

Заинтересираните треба да испратат: 

  • Кратка биографија во која ќе го наведат своето претходно волонтерско и активистичко искуство, поминати обуки за човекови права или зa сексуално и репродуктивно здравје и
  • Писмо во кое ќе ја изразат својата мотивација зошто сакаат да бидат едукаторки и едукатори (најмногу 500 зборови).


Сите документи треба да бидат на македонски јазик.
Документите со назнака/предмет на пораката Повик за обука на врснички едукатори треба да се испратат на [email protected] најдоцна до 24 февруари (петок) до 18 часот.

Сите кандидати кои ќе влезат во потесниот избор можно е да бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефонски број и е-адреса за контакт.   

Бројот на учесници е ограничен. Средствата за сместувањето и патните трошоци за двата дела од обуката ги покрива ХЕРА. За вториот дел, ова важи само за учесниците со живеалиште надвор од Скопје. 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРеакција на Платформата за родова еднаквост за поткастот на Лазаров со гостинот Латас
Следно соопштениеСтав на Мрежата за заштита од дискриминација и Платформата за родова еднаквост за новиот Закон за работните односи