РК Еурофарм Пелистер – Шампионот ја прекина црната серија и со победа се враќа од Автокоманда

9
РК Еурофарм Пелистер – Шампионот ја прекина црната серија и со победа се враќа од Автокоманда

Ракометарите на Еурофарм Пелистер издвојуваа победа над Алкалоид од 33-35 во дерби средбата од петтото коло на плеј-офот, која вечерва се одигра во Автокоманда.

Овој натпревар понуди многу голови, пресврти и на крајот славје на актуелниот шампион. Избраниците на Кирил Лазаров беа подобар ривал во првото полувреме и на пауза заминаа со предност од 22-16. На стартот на вториот дел поведоа и со +8, но од тука тргна неверојатниот кам-бек на „зелено-белите“.

Еурофарм Пелистер играше искусно, постепно го намалуваше минусот за да потоа и дојде до водство кое успеа да го сочува и да дојде до 44 бода на табелата.

Дејан Манасков беше лидер кај гостинот кај стрелците со седум гола, а Дамјан Митев на другата страна имаше седум реализации.

Ракомет

Суперлига 2025/26

Плеј-оф – петто коло

Алкалоид – Еурофарм Пелистер 33-35 (22-16)

Спортска сала: „Автокоманда“ – Скопје

Гледачи: 1.000

Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов

Алкалоид:

Кизиќ, Галевски 1, Џонов 3, Тордарсон, Маркоски, Стојковиќ 3, М. Митев 5, Велковски 1, Симоноски, Ивановски, Ненад Костески 6, Петковски, Д. Митев 7, Борзаш 2, Аларов, Николов 4

Седмерци: 5/5

Исклучувања: 6 минути

Еурофарм Пелистер:

Митревски, Хеидарирад, Манасков 7, Видомски, Ристевски 2, Хакбарт 2, Граховац 1, Хенигман 3, Радивојевиќ 1, Кузмановски 6, Абутовиќ, Калајџиоски, Петар Атанасијевиќ 1, Пешевски 2, Хосни 5, Павле Атанасијевиќ 3

Седмерци: 6/4

Исклучувања: 14 минути

Во следното шесто коло од плеј-офот Еурофарм Пелистер ќе се сретне со Бутел Скопје.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Миха Котар потпиша двегодишен договор со Еурофарм Пелистер
Следно соопштениеПОКАНА ЗА СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА КАРПОШ