За СДС, ВМРО не било држава, било банда, Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански не заслужуваат вакви погрдни зборови

9
За СДС, ВМРО не било држава, било банда, Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански не заслужуваат вакви погрдни зборови

Не не чуди дното во кое СДС тоне, а доказ за тоа е денешната навреда во нивното соопштение во кое се вели дека „ВМРО не е држава, ВМРО е само банда’’.
Чат ЏПТ соопштението кое го пратија денеска СДС, покажува дека се во тотален аут, немаат програма, немаат визија, немаат идеја, туку само навреди кон македонскиот народ, јазик, историја и култура.
Би сакале да ги потсетиме СДС, дека ВМРО е историја, единствена организација која се борела десетици години, Македонија да биде независна и суверена држава.
Единствен продолжеток на таа организација е ВМРО-ДПМНЕ која и ден денес се бори за македонската култура, македонскиот јазик и македонската историја, која што предавниците од СДС, како Заев, Ковачевски и Филипче, ја продаваа за големи пари, па сега градат облакодери, плантажи во Африка, бизниси со марихуана, акции во индиски авиокомпании, земјишта со фотоволтаици и што ли уште не.
За крај, пред да пратите вакво или слично соопштение, раскажете ја историјата на Македонија на вашите ПР шефови, да не се брукате во иднина.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСè поскапе, пројде Велигден а од Мицкоски мерки нема
Следно соопштениеОдржана деветтата седница на Советот на Општина Струмица: Усвоен ребаланс на буџетот и повеќе одлуки за развој и услуги