Наместо да се реформираат, СДС и Филипче по насока на пропаднатиот ПР тим и преку фалименто соопштенијата, се фокусираат на избори и состојби во други држави

5
Наместо да се реформираат, СДС и Филипче по насока на пропаднатиот ПР тим и преку фалименто соопштенијата, се фокусираат на избори и состојби во други држави

СДС со ова партиско раководство предводено од Венко Филипче, нема реална политика, нема реформи, нема ни идеи, ниту пак програма.

Единствено што има е гола пропаганда преку фалименто соопштенија што немаат врска ниту со реалноста, ниту со Македонија.

Пропаднатиот ПР на Зоран Заев, составен од Башановиќ и Шчекиќ, СДС и Филипче ги насочи фокус да им бидат избори во други држави, наместо во партија да прават реформи и промени.

Филипче и СДС не си го гледаат сопствениот двор полн со неуспеси и порази, како и партијата која се повеќе слабее, туку целиот фокус им и насочен на избори во друга држава, на која нивната сестринска партија освои само минорни 1% процент од гласовите.

По насоките на ПР стратезите, за краток временски период, Филипче и СДС успеаја да се скараат со нивни сопартијци, со медиуми, новинари, а сега пробуваат да се скараат и со држави или нивни претставници во државата.

Ваквата дезориентираност, нелегитимност, слабиот рејтинг и дистанцирањето на поранешни функционери од партијата, ги тера СДС и Филипче да водат антидржавна политика која, освен на државата не им оди во прилог ниту на нив.

Овие антидржавни политики кои Заев, очигледно, им ги оставил во аманет, Филипче и СДС дословно ги исполнуваат. Сето тоа е преточено во соопштенијата и прес-конференциите напишани токму од Башановиќ и Шчекиќ, ги прави да бидат опозиција која на следните избори ќе падне и под биолошкиот праг, со освојување на помалку од 100.000 гласови.

Време е СДС и Филипче да се освестат и својата енергија да се насочат на реалните потреби како на нивното членство, така и на граѓаните воопшто.

На Македонија и е потребна силна, кредибилна и конструктивна опозиција.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЖЕНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА ЈА ДОБИ ГРУПАТА Б ЗА EHF EURO 2026 ЗАЕДНО СО НОРВЕШКА, РОМАНИЈА И ШВАЈЦАРИЈА
Следно соопштениеСДСМ испрати писма до ЕУ по најавата за политики прогон на Мицкоски