ПХВ обуки за дисеминација

123
ПХВ обуки за дисеминација

Во овој период бројни се обуките кои се реализираат преку ПХВ програмата низ Општинските организации на Црвен крст низ државата. Првите обуки, од трите предвидени, се обуки за дисеминација, односно теорија на Црвениот крст. Истите се реализираат по ПХВ методологија за држење обуки, развиена од страна на ПХВ колегиумот. Обуките се интересни, со дозирани информации, со интерактивен пристап, односно се бара секој поединец да го каже своето мислење и активно да учествува во групната работа.

  • Вкупно 1100 младинци на возраст од 13 до 17 години се дел од овие обуки.

 

ПХВ програмата е алатка за регрутирање и задржување на волонтери во Црвениот крст преку која младите ја менуваат својата дневна рутина, учат за сопствената, но и културата на другите и изработуваат мали проекти за доборбит на заедницата.

 

Програмата функционира повеќе од 25 години во земјата!

#phv2023 #redcross #youth #ПХВ

The post ПХВ обуки за дисеминација appeared first on Црвен Крст на Република Северна Македонија.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеOбука за „Фонд за подготвеност и одговор при катастрофи“
Следно соопштениеПОСЕТА НА В.Д АМБАСАДОРОТ НА САД, ЕРИК МЕЈЕР НА ОПШТИНА БИТОЛА