„Запознајте ги нашите херои“ – Одбојкарска федерација на Македонија

189
„Запознајте ги нашите херои“ – Одбојкарска федерација на Македонија

 

Во пресрет на учеството на Европското првенство во септември, второ во историјата на македонската одбојка, компанијата Кожувчанка ДОО ќе ги претстави македонските одбојкарски репрезентативци преку кампањата со наслов „Ова се нашите херои“. Во следните два месеца до континенталниот собир во групата Тампере каде што ќе играме ние, преку сите промотивни канали, партнерот на Одбојкарската федерација на Македонија ќе ги претстави црвено-жолтите, а на тој начин ќе открие интересни детали за одбојкарите, притоа упатувајќи повик заеднички да ги бодриме на еврошампионатот во септември.

 

„Решивме да ги испромовираме нашите одбојкари, нашите претставници на Европско! Мислиме дека заслужуваат многу поголемо внимание. Ова се нашите херои коишто Кожувчанка како компанија ги поддржува со години. Натаму планираме поголема инволвираност во нивните успеси и поголема поддршка на овој спорт”, изјавија одговорните од Кожувчанка ДОО потенцирајќи дека ова е единствена кампања во којашто компанија инвестира во промоција на друг, а не на себе!

 

„Промоцијата одбравме да биде преку водата Изворска како најзастапен бренд, со најголем број потрошувачи. На тој начин веруваме дека ќе допреме до секој којшто гордо ќе навива за нашите репрезентативци на Европското првенство во 2021“, веруваат одбојкарските вљубеници во Кожувчанка ДОО. Нивната порака до македонските одбојкарски репрезентативци е: „Напред момци, вие сте нашите херои“!

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЕвропскиот првак славеше на првиот тест во Арена – Одбојкарска федерација на Македонија
Следно соопштение24 одбојкари на списокот на селекторот Николиќ за подготовките за ЕП 2021 – Одбојкарска федерација на Македонија