РК Еурофарм Пелистер – Јовиќ нов тренер на Еурофарм Пелистер, Шундовски поставен за стручен тим-менаџер

114
РК Еурофарм Пелистер – Јовиќ нов тренер на Еурофарм Пелистер, Шундовски поставен за стручен тим-менаџер

Со огромно задоволство ја информираме ракометната јавност, дека нов тренер на РК Еурофарм Пелистер е Александар Јовиќ. Исто така информираме дека за нов стручен тим-менаџер е назначен Звонко Шундовски.

Управата на РК Еурофарм Пелистер смета дека ова е најдоброто можно решение за постигнувањето на главната цел оваа сезона. Упатуваме голема благодарност до Јовиќ и до Шундовски кои во овие сензитивни и значајни моменти го прифатија големиот предизвик. Клубот наскоро ќе го објави составот на стручниот штаб и реогранизацијата до крајот на сезоната.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Јовиќ и Шундовски се претставија пред екипата и го одработија првиот тренинг
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Момците на Јовиќ немаа сили за сензација против шампионот