НОВ УСПЕХ НА ЖМХ

121
НОВ УСПЕХ НА ЖМХ

Нови успешни претставувања на Женскиот младински хор при МКЦ и маестро Сашо Татарчевски.

Во рамки на прославата на јубилејот, Женскиот младински хор при МКЦ под раководство на маестро Сашо Татарчевски зеде учество на два меѓународни настани, кои се одржаа во Охрид и Струга.

На 29 јуни хорот настапи на меѓународниот хорски фестивал “Vox Lichnidos” во Охрид на концерт заедно со уште 5 хорови од Македонија, Србија и Естонија.

Хорот и маестро Татарчевски продолжија со своите активности на Меѓународниот хорски форум во Струга од 30 јуни до 3 јули. Во тој период хорот активно соработуваше со Хорот на момчиња на Eстонската национална опера, кој работи под раководство на маестро Хирво Сурва. Соработката се состоеше во заедничко изучување и изведување композиции од македонски и естонски композитори, кои ќе останат на репертоарот на двата хора. На завршниот концерт во катедралната црква Света Софија во Охрид, Женскиот младински хор при МКЦ настапи и со самостојна програма, како и во различни заеднички формации со Хорот на момчиња на естонската национална опера.

Симболиката на оваа соработка е и таа што и двата ансамбли прославуваат ист јубилеј, 50 години успешна и континуирана работа и претставуваат препознатливи хорски брендови во своите земји. Следниот предизвик за хорот е учество на големиот хорски настан наречен „Распеани мостови“, кој се одржува во Нови Сад од 19 до 23 јули во рамки на програмата на манифестацијата „Европска престолнина на културата за 2022 година“.


Извор на соопштението
Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Пешевски: Овој натпревар е добра шанса за еден нов почеток (ВИДЕО)
Следно соопштениеСобрани 30.378.353 денари за настраданото население погодено од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија