Настанот претставува годишна церемонија за благодарност на солидарноста и поддршката на корпоративните и индивидуалните донатори на СОС Детско село во 2022 година.
Настанот го отвори почесениот говорниик и покровител на настанот: г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска прва дама на РСМ. Домаќини говорници беа Национален Директор г-ѓа Јулијана Накова Гапо и претседателот на УО на СОС Детско село д-р Александар Трајковски
Вистинска привилегија е што и нашата мала држава преку СОС Детско Село е дел од големото интернационално семејство, кое повеќе од 70 години во 136 земји во светот работи и е посветено на помош и поддршка на најранливите – ДЕЦАТА. За жал сеуште во целиот свет најзагрозени се децата и нивните права, и ние овде во Македонија, сплотени како ЕДНО СЕМЕЈСТВО, работиме посветено за ТОПОЛ ДОМ И ЉУБОВ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ.
За секојдневната борба да се успее и да се биде тука за децата, згрижувачите и родителите кои имаат потреба од поддршка, од исклучителна важност е целата заедницата на корпоративни и индивидуални донатори.
СОС Детско село изрази Голема благодарност до компаниите Алкалоид АД Скопје, Нептун македонија, Флек Кредит, Осигурување Македонија, Пивара Скопје кои добија Статуетка за Најголем корпоративен донатор во 2022 година. Статуетка за најголеми партнери за поттикнување на донаторството во 2022 година добија Веро Маркети, ЈП Водовод и канализација-Скопје и Ракометна Федерација на Македонија
Статуетка за најголеми донатори за донации во добра 2022 добија Microsoft Македонија, Гранит АД Скопје и Окта АД Скопје.
Покрај овие признанија уште голем број на компании и индивидуалци добија плакети и благодарници за поддршката и кампањите со помагаат да се одржува и зајакнува мисијата на СОС Детско село, ТОПОЛ ДОМ И ЉУБОВ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ
The post Годишен настан за доделување на признание на најголемите донатори и поддржувачи на СОС Детско село ЕДНО СЕМЕЈСТВО 2023 appeared first on СОС Детско село.