Во просториите на МОК се одржа редовна седница на Управниот одбор каде се усвои завршната сметка како и финансискиот извештај за 2022 година.
На членовите на Управниот одбор им се презентираше планот за отпочнување на двата проекти “Златен олимписки денар“ и операционализација на проектот платежна картичка, преку кои најголем бенефит ќе имаат македонските спортисти.
Согласно дневниот ред, беа презентирани извештаите за веќе изминатите Медитерански Игри, Оран 2022 и Европскиот Зимски Младински Олимписки Фестивал 2023. Членовите имаа можност да се запознаат со тековните подготовки за Европските игри во Краков, Полска, како и за сите проекти на кои моментално работи МОК.
Сите точки од дневниот ред беа едногласно усвоени од присутните на редовната седница на Управниот одбор.