Талески со 11 гола за триумф на Вардар од Купот

103
Талески со 11 гола за триумф на Вардар од Купот

Вардар ќе игра во финалето на четвртфиналната група од Купот на Македонија чиј домаќин бевме ние, и во полуфиналната пресметка бевме подобри од Охрид, 38-30 (20-18). Утре, недела во 17 часот играме со подобриот од средбата Јуниор КВ и Скопје, за пласман на Ф4 турнирот.

Резултатот на крајот изгледа како рутински да ја завршија работата домашните ракометари, но гостите од Охрид три четвртини од средбата беа во игра, имаа активен резултат и не му дозволуваа на Вардар да „здивне“. Ова е четврти триумф за Вардар сезонава на дуелите со Охрид, ама од овој меч нема поправен.

Од сам почеток гостите покажаа мотивираност иако имаа само 14 играчи во составот. Од 6 минута кога беше 3-3 гостите ги искористија шансите и почнаа да водат, а и така беше се до 15 минута кога Охрид последне пат израмни, 9-9. Потоа Вардар ја презеде иницијативата и до крајот имаше „плус 4′ за водство 14-10 и 15-11. Во 24 минута Вардар имаше водство 17-13, ама потоа следуваа три минути во кои гостите намалија на 18-17.

Тренерот Владо Недановски побарај тајмауат, по што Георгиевски зголеми на 19-17, па Томовски имаше уште една успешна одбрана, од вкупно 9. на целиот меч. Гостите во последните секунди намалија на 20-18.

Неизвесноста беше присутна до средината на второто полувреме кога Охрид намали на 28-25. Потоа Вардар „уфрли во повисока брзина“, ги искористи сите шанси и грешки на противникот и зголеми на 32-25. Веќе беше јасно дека Охрид нема шанса за изненадување.

Филип Талески со 11 гола беше најефикасен кај Вардар, а седум гола даде Дејан Манасков. Голманот Мартин Томовски одбрани девет топки. Во гостинскиот тим на Охрид, седум гола постигна Деан Шешиќ, а еден помалку Владимир Бојаниќ.

Статистика – Vardar – Ohrid Kup 2023

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКовачевски правеше есап без народот, нека се охрабри и нека излезе на избори да му кажат граѓаните што мислат како ќе се одвиваат клучните политички процеси во иднина
Следно соопштениеКовачевски е безгласна буква која само ја чува фотелјата за кадарот на ДУИ дури не го исклучат од функцијата