ОПШТИНА КАРПОШ СТАНА ЧЛЕНКА НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА КОМУНАЛНИ ИНСПЕКТОРИ НА РСМ

117
ОПШТИНА КАРПОШ СТАНА ЧЛЕНКА НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА КОМУНАЛНИ ИНСПЕКТОРИ НА РСМ

Претставници од Секторот Инспекторат од Општина Карпош се во работна посета на Крива Паланка на состанок на извршен и надзорен одбор на Здружение на комунални инспектори на РСМ. Поздравен говор пред почетокот на состанокот одржа градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски истакнувајќи ги активностите на инспекциските служби, меѓусебната соработка и потребата од функционирање на Здружението. Претседателот на Здружението на комуналните инспектори, Борче Везенков им се заблагодари на учесниците-инспектори од локалните самоуправи за присуството, истакнувајќи ги придобивките од вакви средби на кои се дефинираат, ревидираат и усогласуваат законските регулативи. Во оваа пригода тој даде отчет за финансиската состојба на Здружението при што говореше и за начините за натамошно финансирање, потпишување меморандуми за соработка со градоначалниците за успешно функционирање на Здружението. По тој повод, традиционално беше засадено дрво Туја како симбол на одржливоста. Инаку, здружението оваа година слави 20 години од основањето, а Општина Карпош е од оваа година член.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЕлектроснабдување
Следно соопштение31 ГОДИНА – МАКЕДОНСКИ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ