Претседателот Димевски – член на Координативната комисија за Европските игри Краков 2023

166
Претседателот Димевски – член на Координативната комисија за Европските игри Краков 2023

Во Краков, Полска се одржува состанок на Координативната комисија за Европските игри (ЕИ) Краков 2023 на Европските олимписки комитети, во која како член работи и претседателот на МОК, М-р Даниел Димевски. На состанокот се разговара за теми како што се условите за учество на спортистите, сместувањето, транспортот, квалификационите системи, поврзаноста на овие игри со квалификациониот систем за учество на ОИ Париз 2024 и многу други теми кои се од голема важност за организацијата на ЕИ.

Претседателот Димевски ја искористи оваа прилика, со членовите на Меѓународниот олимписки комитет како и со Европските олимписки комитети да договори нови програми за унапредување на македонскиот спорт како и да лобира за нови програми за Македонските Национални спортски федерации.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеОд денес бесплатен посебен транспорт за стари лица и лица со попреченост од Кисела Вода
Следно соопштениеДЕЛАТА ЌЕ ГО ПОТВРДАТ РАБОТЕЊЕТО – РЕЧЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ НА ДЕНЕШНОТО ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ПРОЕКТОТ „СИТЕ ЗА ПОЧИСТА И ПОЗЕЛЕНА БИТОЛА“