ШАМПИОНСКО МЕСТО ЗА КОШАРКАРИТЕ ОД ООУ ЈАН АМОС КОМЕНСКИ НА РЕГИОНАЛНО ПРВЕНСТВО

141
ШАМПИОНСКО МЕСТО ЗА КОШАРКАРИТЕ ОД ООУ ЈАН АМОС КОМЕНСКИ НА РЕГИОНАЛНО ПРВЕНСТВО

Во организација на Федерацијата на училишен спорт на РСМ, кошаркарската екипа од ,,ООУ Јан Амос Комески”, го освои шампионското место на регионалното првенство во кошарка за основни училишта. Во квалификациониот натпревар, силите си ги одмерија екипите од основните училишта од Општина Карпош, Општина Центар и Општина Ѓорче Петров, кој  се одржа на 21.03.2023 година во спортската сала ,,Христо Батанџиев”.

Во полуфиналниот натпревар како победници завршија кошаркарите од ООУ ,,Јан Амос Коменски”, кои во фер и мирна спортска атмосфера ги надиграа кошаркарите од ООУ „Кузман Јосифовски Питу“, со резултат 52:45.

Веќе, во финалето против ООУ „Стив Наумов“ со убедлива победа од 66: 43, карпошовиот тим, предводен од предметниот наставник по физичко образование, Марјан Угриновски,  го освоија првото место на ниво на Град Скопје и директно се пласираа на Државното првенство во кошарка за основни училишта.  

Извор на соопштението

Претходно соопштениеОПШТИНА БИТОЛА И УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“- БИТОЛA ОБЈАВУВААТ ПОВИК ЗА ПРОЕКТОТ УНИВЕРЗИТЕТСКА ЛЕТНА ПРАКСА
Следно соопштениеДвојазичните униформи се очаен обид за спас на ДУИ – Левица е единствената партија која ги оспори