РК Еурофарм Пелистер – Златна победа на Еурофарм Пелистер на жешкиот терен во Кавадарци

107
РК Еурофарм Пелистер – Златна победа на Еурофарм Пелистер на жешкиот терен во Кавадарци

Тиквеш – Еурофарм Пелистер 21-22 (10-11)

Екипата на Еурофарм Пелистер успеа да дојде до посакуваниот триумф над Тиквеш (22-21) во последниот меч од 7. коло во плејофот во Суперлигата.

Првото полувреме се заврши со 11-10 за Пелистер, борба која продолжи и по паузата се до самата завршница во која битолчани дојдоа и до плус три по што стана јасно дека бодовите ќе завршат кај актуелниот македонски вицешампион.

Хененберг ја предводеше листата на стрелци во победничката екипа со седум голови, Хосни постигна четири погодоци. Кај домашните, Симиќ постигна 8 голови и беше најпрецизен на теренот.

Ракомет
Суперлига 2022/23
Плеј-оф – седмо коло

Тиквеш – Еурофарм Пелистер 21-22 (10-11)

Спортска сала „Јасмин“ – Кавадарци
Гледачи: 2.000
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски

Тиквеш:
Брауновиќ, Стојановски, Анастасовски, Постолов, Темелкоски 3, Велков, Соколов, Стефановиќ 2, Димовски, Кондев, Окардов, Шулески 1, Коцев, Симиќ 8, Хамзиќ 4, Петровиќ 3
Седмерци: 5/3
Исклучувања: 10 минути

Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиќ, Ристевски, Ојлески 2, Кузманоски 2, Кисум 2, Радовиќ, Танкоски, Хосни 4, Костески 2, Дејвис, Кукоски, Васиљев 2, Суси 1, Пешевски, Хенеберг 7
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 12 минути

Во следното осмо коло Еурофарм Пелистер на домашен терен го пречекува Бутел Скопје.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеСДС и ДУИ се со полни зборови за Европа, еве нека прифатат устав, како во Eвропа и Македонија да стане национална држава на Македонците
Следно соопштениеЕлектроснабдување