Реализирани психо-едукативни работилници за психо-социјална поддршка и прва психолошка помош

111
Реализирани психо-едукативни работилници за психо-социјална поддршка и прва психолошка помош

Црвениот крст на Република Северна Македонија во текот на месец Март 2023, спроведе 27 психо-едукативни работилници за Прва Психолошка Помош и Психо-социјална Поддршка со стручните служби и волонтерите од различни програми на Црвениот крст.

Работилниците беа спроведени од страна на Црвен крст на град Скопје и 9 Општински организации на Црвен крст Струга, Охрид, Велес, Струмица, Куманово, Кочани, Прилеп, Битола и Гостивар. Едукативните работилници се во согласност со прирачникот и насоките за ПСП и ППП на Меѓународната Федерацијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Фасилитатори на овие работилници беа вработени и волонтери кои претходно поминаа тренинг за прва психолошка помош и психо-социјална поддршка во кризни и итни ситуации во рамки на проектот Конекс Балкан, поддржан од Австриски Црвен крст и Австриска Агенција за развој.  Со оваа активност на национално ниво беа опфатени вкупно 515 учесници (вработени и волонтери).

Благодарност до вклучените колеги и волонтери во активностите за унапредување на менталното здравје и споделување на знаењата од областа на првата психолошка помош, психо-социјална поддршка, резилиентност и прегорување кај вработени и волонтери, како и стрес и справување.  Активностите ги координираше Центарот за ментално здравје и психо-социјална поддршка при Црвениот крст.

The post Реализирани психо-едукативни работилници за психо-социјална поддршка и прва психолошка помош appeared first on Црвен Крст на Република Северна Македонија.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеДвојазичните униформи се спротивни на мислењето на Венецијанската комисија
Следно соопштениеАПЛИЦИРАЊЕТО ЗА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА НАДОМЕСТУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ТРОШОЦИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ ЌЕ СЕ ОДВИВА ОД СРЕДА СО ФИЗИЧКА ДОСТАВА НА ДОКУМЕНТАЦИЈАТА