ВРЕМЕНО РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ ВО КАРПОШ

102
ВРЕМЕНО РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ ВО КАРПОШ

Стручните екипи од Општина Карпош, веќе некое време работат на санација и реконструкција на одделни делови, кои биле пријавени како проблеми од жителите на Карпош. Имено, овие денови беа поставени 14 попречни столпчиња во правец на булеварот Партизански одреди до платото на Лептокарија, Карпош 3, со цел да се обезбеди движењето на пешаците кои поминуваат преку паркингот.
На улицата Бахар Моис, во Тафталиџе, беше реализирана нова патека, која ќе биде од големо значење за безбедноста на пешаците кои го минуваат овој пат.
Исто така, изминатите денови,во урбаната заедница КЈП, се изврши санација на колско пешачки патеки и реконструкција на отворите за вентилација на подземните гаражи. Општина Карпош неуморно работи за потребите на своите граѓани.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМицкоски: Подготвен сум да го објаснувам нашиот предлог за хрватскиот модел пред секого и секаде, било на лидерска, било на дуел
Следно соопштениеЗа скандалозниот надзор ангажиран техничар со средно образование со доволен 2 успех, за 5.600 евра месечно