ДНЕВЕН РЕД, ТРЕТА ФОРУМСКА СЕСИЈА, ПРОЕКТЕН ФОРУМ ВО ЗАЕДНИЦАТА

103
ДНЕВЕН РЕД, ТРЕТА ФОРУМСКА СЕСИЈА, ПРОЕКТЕН ФОРУМ ВО ЗАЕДНИЦАТА

Почитувани, Ве покануваме на третата Форумска сесија,  од ПРОЕКТНИОТ ФОРУМ  во Општина Карпош, која ќе се одржи на 11-ти април (вторник), 2023 година, со почеток во 18:00 часот, во зградата на ООУ „Лазо Трповски“, кое се наоѓа на ул. Радика, бр. 9 (Карпош III), Скопје.

Oпштина Карпош, во периодот на месец март и април 2023 година,   реализира ПРОЕКТЕН ФОРУМ ВО ЗАЕДНИЦАТА, со цел партиципативно и  транспарентно донесување одлуки во општината заедно со граѓаните.

Форумот во заедницата е дел од компонента на проектот „Зајакнување на општинските совети“, кој општината го реализира во партнерство и со финанасиска подршка на Швајцарската влада (Швајцарската агенција за развој и соработка – SDC), Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП.

За сите дополнителни информации во врска со форумските сесии, лице за контакт е Координаторот на проектот Ивана Ордевска – тел. 078 486 962 и email: [email protected].

          ДНЕВЕН РЕД 

18:00 -18:15

-Добредојде на присутните, претставување на дневниот ред и целите на  третата форумска сесија

18:15 -18:30

-Преглед на претходната сесија и работата меѓу сесии

18:30 -18:50

-Презентација на  предлог проект (1) – Соларни панели на малите  буџетски корисници 

  Дискусија (коментари, предлози и препораки)

18:50 -19:10

-Презентација на предлог проект (2) – Модерен училишен спортски центар во ООУ   Петар Поп Арсов                                                                 

 Дискусија (коментари, предлози и препораки)

19:10 -19:30

– Презентација на предлог проект (3) – Реконструкција на  спорската сала во  ООУ „Лазо Трповски“,Карпош 3

Дискусија (коментари, предлози и препораки)

19:30 -19:50

Пауза

 

19:50 -20:10

  • Презентација на предлог проект (4) – Изградба на сензорна соба во градинките – Дискусија (коментари, предлози и препораки)

 

20:10 – 20:30

Презентација на предлог проект (5) – Лаборатории во кабинетите по Билогија

Дискусија (коментари, предлози и препораки)

 

 

20:30 – 21:00

– Презентација на правилата за избор на проекти

-Оценка на форумската сесија и договор за следни чекори

 

 

 

 

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеОдбележан 7 Април – Светскиот Ден на здравјето – Општина Струмица
Следно соопштениеПожарникари од Територијалната противпожарна единица од Струмица, заедно со пожарникари и доброволци од регионот на Петрич, Република Бугарија, учествуваа на заедничка симулациска вежба. – Општина Струмица