ЈУБИЛЕЈНА ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД СОЦИЈАЛЕН РИЗИК

106
ЈУБИЛЕЈНА ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД СОЦИЈАЛЕН РИЗИК

Во пресрет на Велигденските празници во организација на Одделението за детска, здравствена и социјална заштита при Општина Карпош, се одржа триесеттата по ред хуманитарна акција, за помош на жителите од локалната самоуправа кои се наоѓаат во потешка материјална состојба. Кон оваа традиционална иницијатива се приклучија вработените од Општината, децата, воспитниот и наставниот кадар од градинките и училиштата на територија на Карпош кои донираа прехранбени средства, кондиторски производи и средства за хигиена, кои ќе бидат добредојдени во  социјално загрозените семејства.

 

Од собраните донации беа направени 115 хуманитарни пакети, кои денеска градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски им ги подели на граѓаните од оваа ранлива категорија.

 

  • Во оваа пригода би сакал да ви го честитам претстојниот христијански празник Велигден и воедно ви посакувам многу здравје и успех. Инаку, оваа акција ја практикуваме двапати во годината, во пресрет на Божиќните и Велигденските празници. Покрај тоа што Општината ќе биде секогаш тука за вас, искрено се надевам дека ситуацијата во која се наоѓате ќе биде од времен карактер – посочи Јакимовски.

 

Локалната самоуправа во согласност со своите можности и капацитети, континуирано води грижа за своите жители кои имаат потреба од социјална поддршка, на начин што организира хуманитарни акции, доделува еднократна финансиска помош и води политика на заштита кон оваа ранлива категорија на сограѓани.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСЕ ОДРЖА ДВАЕСЕТ И ШЕСТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Следно соопштениеДали ВМРО-ДПМНЕ свесно го турка во банкрот ЈСП Турс?