Почувствуван земјотрес во Штипско

105
Почувствуван земјотрес во Штипско

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава 12.04.2023 година регистрираше два земјотреса 70 km југоисточно од Скопје, кои потекнуваат од епицентралното подрачје Св. Николе – Штип.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресите се случија во 3 часот и 24 минути и 4 часот и 11 минути со соодветни Рихтерови локални магнитуди ML3.0 и ML2.1, и интензитети III-IV и II-III степени според Европската макросеизмичка скала. Земјотресите беа почувствувани од населението во Штип и околината.

The post Почувствуван земјотрес во Штипско appeared first on Центар за управување со кризи.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМицкоски: Власта Македонија ја става во подредена положба и ги уништува народните ресурси, за тоа ќе одговараат сите од прв до последен
Следно соопштениеДецата од градинките со велигденско јајце ја посетија Општина Кисела Вода