Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски денеска оствари средба со заменик министерот за европски прашања на Шведска Кристијан Даниелсон и генералниот директор во министерството за надворешни работи Торбјорн Солстром.
Во текот на средбата се говореше за актуелните проблеми со кои што се соочува Република Македонија. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски укажа дека уставни измени под бугарски диктат нема да има. Но, исто така потенцираше дека овој актуелен пратенички состав нема мандат од граѓаните да учествува во таков процес.
ВМРО-ДПМНЕ се залага Македонија да стане рамноправна членка на ЕУ. Република Македонија треба да биде дел од големото европско семејство, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на средбата.
Исто така на средбата се говореше дека Македонија со оваа влада тоне во корупција и криминал. Македонија со владата на ДУИ поддржана од СДСМ запаѓа во се потешка економска криза и граѓаните осиромашуваат.
Во текот на разговорите се говореше и за нефункционалните мерки на власта кои не раѓаат со плод.
![Мицкоски оствари средба со заменик министерот за европски прашања на Шведска Кристијан Даниелсон и генералниот директор во министерството за надворешни работи Торбјорн Солстром Мицкоски оствари средба со заменик министерот за европски прашања на Шведска Кристијан Даниелсон и генералниот директор во министерството за надворешни работи Торбјорн Солстром](https://vmro-dpmne.org.mk/wp-content/uploads/2023/04/слика-4-1-1024x684.jpg)
![](https://vmro-dpmne.org.mk/wp-content/uploads/2023/04/слика-5-2-1024x684.jpg)
![](https://vmro-dpmne.org.mk/wp-content/uploads/2023/04/слика-2-2-1024x684.jpg)
![](https://vmro-dpmne.org.mk/wp-content/uploads/2023/04/слика-3-2-1024x684.jpg)
![](https://vmro-dpmne.org.mk/wp-content/uploads/2023/04/слика-1-3-1024x684.jpg)