Земјотрес почувствуван во Штип

102
Земјотрес почувствуван во Штип

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава 19.04.2023 година регистрираше земјотрес 74 km југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Св. Николе – Штип.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот се случи во 4 часот и 22 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.3 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Штип и околината.

The post Земјотрес почувствуван во Штип appeared first on Центар за управување со кризи.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСелекторот на машката сениорска репрезентација Кирил Лазаров го објавува списокот на повикани ракометари за квалификациски натпревари во рамки на Men’s EHF EURO 2024 Qualifiers – Ракометна Федерација на Македонија
Следно соопштениеБЕСПЛАТНИ АНОНИМНИ ГРУПИ ЗА ЖЕНИ ЖРТВИ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО