Сениорките во вториот шешир во извлекувањето на квалификациските групи за Women’s EHF EURO 2024 – Ракометна Федерација на Македонија

486

Женската сениорска репрезентација е дел од вториот шешир за претстојното извлекување на квалификациските групи за Women’s EHF EURO 2024.

Завршниот турнир на Women’s EHF EURO 2024 ќе се оддржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија, и настапат вкупно 24 репрезентации, а преку квалификациите пласман на Women’s EHF EURO 2024 ќе обезбедат 20 репрезентации, а покрај домаќините учество на турнирот обезбеди и Норвешка која беше победник на последното првенство.

Вкупно 31 репрезетација ќе се борат за пласман на Европско првенство, и пред извлекувањето ќе бидат поделени во 4 шешири:

Шешир 1: Франција, Данска, Германија, Холандија, Шведска, Шпанија, Црна Гора, Хрватска

Шешир 2: Романија, Словенија, Србија, Полска, Чешка, Македонија, Словачка, Исланд

Шешир 3: Португалија, Украина, Турција, Италија, Фарски Острови, Литванија, Грција, Косово

Шешир 4: Израел, Финска, Луксембург, Босна и Херцеговина, Летонија, Азербејџан и Бугарија.

Извлекувањето може да се проследи во живо на официјалниот YouTube канал на EHF и на Arena Sport TV.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРамо до рамо со граѓаните на Пехчево и Македонска Каменица: СДСМ на дело ја покажува грижата за сите граѓани
Следно соопштение„Рамо до рамо“ со граѓаните на Берово, Делчево и Зрновци: Со СДСМ никој не е оставен сам