100 ГОДИНИ ЕКОНОМСКО УЧИЛИШТЕ БИТОЛА

97
100 ГОДИНИ ЕКОНОМСКО УЧИЛИШТЕ БИТОЛА

Синоќа во Офицерскиот дом беше одбележана 100 годишнината од постоењето и работењето на Средното економско училиште „Јане Сандански“.

На свечената академија, во своето обраќање, градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски истакна дека обврска на локалната самоуправа е да биде поддржувач на квалитетните идеи и проекти, кои ги иницира училиштето, а преку активно вклучување на младите генерации, да ги поттикнеме да останат, да продолжат да напредуваат и да создаваат за својата општина.

„Најголемото богатство за еден град се едуцираните кадри кои пренесувајќи го своето знаење и потенцијал, придонесуваат за развој и напредок. Битола, веќе докажано може да се гордее со голем број интелектуалци кои се школувале во нашите училишта.

Токму ова, го потврдуваат и многу генерации средношколци кои во изминатиот еден век поминале низ училишните клупи на училиштето кое во далечната 1922/23 започнало да работи како Средна трговска школа, за по ослободувањето да продолжи да функционира како средно економско училиште „Јане Сандански“.

Квалитетот на образованието што го нуди средното економско училиште, е претставен од многу наши сограѓани кои студирале и во градовите низ Македонија или надвор од нашата држава.

И денес, со можностите за квалитетно теоретско, но и практично знаење, средното економско училиште може да се гордее на младите луѓе кои меѓудругото се оспособуваат за водење на сопствен бизнис низ стекнување на претприемачки вештини и знаења“, потенцираше градоначалникот Коњановски.

Директорот Александар Цветковски посочи дека низ училиштето поминале многу генерации, кои стекнале знаења и вештини, а денес  се образуваат ученици кои со своите квалитети придонесуваат за развој на новото време, дигитализацијата и технологијата.

На свечената академија присуствуваа сегашни и поранешни професори, ученици, истакнати стопанственици и голем број граѓани.

Во уметничкиот дел на програмата настапија членовите на хорот, рецитаторите, а беше прикажана и видео презентацијата, како и ликовна изложба.

Утринава, во чест на големиот јубилеј, градоначалникот Тони Коњановски и други делегации положија свежо цвеќе пред неодамна поставената биста на Јане Сандански во дворот на економското училиште.

100 ГОДИНИ ЕКОНОМСКО УЧИЛИШТЕ БИТОЛА

The post 100 ГОДИНИ ЕКОНОМСКО УЧИЛИШТЕ БИТОЛА appeared first on Општина Битола.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСелекторот на женската репрезентација на ракомет на песок Златко Мојсовски го објавува списокот на повикани ракометарки за собир за претстојното Европско Првенство – ракомет на песок – Ракометна Федерација на Македонија
Следно соопштениеМицкоски: Подготвени сме веднаш да одиме на избори, но кукавичката влада на ДУИ поддржана од малцинскиот партнер СДСМ се плаши од соочување со народот