РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер убедлив на теренот на Пролет, седма победа по ред за тимот на Јовиќ

103
РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер убедлив на теренот на Пролет, седма победа по ред за тимот на Јовиќ

 

Еурофарм Пелистер оствари рутинска победа на гостувањето во Скопје кај Тинекс Пролет во средбата од 11. коло во Суперлигата. Битолчани славеа со 17-30 и со тоа остануваат во трка со Вардар за пехарот во најсилната домашна ракометна конкуренција.

Најпрецизен на теренот беше (Петар) Атанасијевиќ со 6 голови, додека за домаќините Димов и Димковски постигнаа по 3 голови.

Ракомет
Суперлига 2022/23
Плеј-оф (11. коло)

Пролет – Еурофарм Пелистер 17-30 (9-15)

Спортска сала „Македонско сонце“ – Скопје
Гледачи: 400
Судии: Дејан и Димитар Георгиевски

Пролет:
Михаљевиќ, Петковски, Тотиќ 2, Василевски 2, Пецаковски, Крстевски, Додевски 1, Димов 3, Андоновски 2, Мајнов 2, Димковски 3, Стојановски, Фичорски 2, Јанчев, Палевски, Спасовски
Седмерци: 1/0
Исклучувања: 6 минути

Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиќ, Ристевски, Ојлески 1, Кисум, Радовиќ 2, Танкоски 1, Хосни, Костески 3, Петар Атанасијевиќ 6, Васиљев 4, Суси 4, Пешевски 2, Хенеберг 1, Павле Атанасијевиќ 2, Стевановиќ 4
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 4 минути

Во следното 12. коло од разигрувањето за титула, Еурофарм Пелистер на 6/7 мај ќе го пречекеа Вардар 1961.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеНиколоски до Ковачевски: На лагата и се кратки нозете, призна дека над 70% од работниците на коридорот ќе бидат странци, ќе одговарате
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Одличен отпор против шампионот, Еурофарм Пелистер 2 минимално загуби во Скопје