Завршен извештај за Медитерански игри ОРАН 2022

155
Завршен извештај за Медитерански игри ОРАН 2022

Денес, во Подгорица се одржа состанок на Националните олимписки комитети, членки на Меѓународниот Комитет на Медитеранските игри (МКМИ) на кој се поднесе завршен извештај за Медитеранските игри Оран 2022. На овие игри учествуваа 26 држави и 3251 спортисти, меѓу кои и 79 македонски спортисти oд кои 35 жени и 44 мажи. Поздравен говор имаше генералниот секретар на Националниот олимписки комитет на Црна Гора, Игор Вушуровиќ, министерот за спорт и млади г-дин Василије Лалошевиќ и генералниот секретар на МКМИ, Јаковос Филипузис. Беа донесени и голем број заклучоци и предлози, а извештај беше поднесен и од страна на Комисијата на спортисти како и Комисијата одговорна за организација на Медитеранските игри Таранто 2026.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМицкоски: Владата нанесува штета на односите на Македонија со САД и Турција, со тоа што се обидува да ги злоупотребува дека тие стојат позади договорот со Бехтел и Енка
Следно соопштениеМицкоски е слуга на Груевски и криминалната ВМРО ДПМНЕ, злосторничко здружение, синоним за корупција