Градоначалникот Костадинов одржа работна средба со министерката Шукова – Општина Струмица

99
Градоначалникот Костадинов одржа работна средба со министерката Шукова – Општина Струмица

Градоначалникот Костадинов одржа работна средба со министерката Шукова

Градоначалникот Костадинов одржа работна средба со министерката Шукова

Градоначалникот Костадин Костадинов денеска одржа средба со министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова. На средбата разговараа за новите предизвици и решенијата за нив од областа на заштитата на животната средина.

Како Општина на која заштитата на животната средина и е приоритет и којашто забрзано ја развива својата европска урбана верзија, градоначалникот Костадинов ја информираше министерката Шукова за сите проекти кои се во фаза на реализација, меѓу кои е изградбата на велосипедски патеки, создавањето современа вело – инфраструктура во градот, селекцијата на отпад, а коишто го подобруваат квалитетот на животот и истовремено ја заштитуваат животната средина.

Во фокусот на разговорот беше воведувањето на целосен електричен, еколошки јавен превоз со што Струмица ќе биде прва Општина во државата со таков превоз, а за што се формира посебно јавно претпријатие „Струмица Транспорт“.

Министерката Шукова го поддржа овој проект, но и останатите активности на Општината за поголема заштита на животната средина.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеОдлука на дисциплинската комисија по поднесена пријава
Следно соопштениеПРЕЗЕНТИРАНА ПЛАТФОРМАТА Е-ЗДРАВСТВО – Министерство за Здравство