Во просториите на МОК, се одржа работна средба на која претседателот М-р Даниел Димевски се сретна со амбасадорот на Република Грција во Скопје, Н.Е. Софија Филипиду. На средбата присуствуваа и Генералниот секретар Д-р Сашо Поповски и секретарот на амбасадата Димитрис Псиахас. На оваа средба беа договорени организација на заеднички активности, пред се во однос на промоција на Олимписките игри, спортот и Олимпиското движење, а посебен акцент беше ставен на заедничката организација на Олимпискиот ден 2023.