Денес во просториите на МОК беше Ахмад Магомедов, освојувачот на бронзениот медал во категоријата до 79 килограми од последното Европско првенство во борење кое се одржа во Загреб. На средбата беше и претседателот на Боречката федерација Дејан Богданов и воедно се разговараше за идните ангажмани на нашите најдобри борачи, учеството на Европските игри во Краков 2023.