Милошоски: Граѓаните се незадоволни, сите бараат промена на власта за да може Македонија да се движи во правилна насока

89
Милошоски: Граѓаните се незадоволни, сите бараат промена на власта за да може Македонија да се движи во правилна насока

Тим предводен пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во рамки на кампањата „Македонија за сите луѓе“ беше во посета на повеќе населени места во општина Конче каде се разговараше за проблемите и потребите со кои се соочуваат жителите на оваа општина.

Заедно со пратениците, градоначалникот, советниците разговараме за проблемите и потребите со кои се соочуваат жителите на оваа општина, рече Милошоски.

Додаде дека граѓаните се незадоволни од нискиот приоритет кој владата го дава во земјоделието.

– Ова е земјоделски крај но земјоделците тука се соочуваат со многу трошоци, а само мало внимание од владата и мал приход заради хаосот кој владее. Разговаравме и за слабите приоритети кои владата ги дава за малите општини кои за жал имаат опструкции од владините органи. Жителите на Конче се согласни дека најдобро е да има смена на извршната власт за да може да има поголем, ред, грижа, да се намали корупцијата и Македонија да почне да се движи во правилна насока, изјави Милошоски.

https://www.facebook.com/Antonio.Miloshoski/videos/783172943397562/

Милошоски: Граѓаните се незадоволни, сите бараат промена на власта за да може Македонија да се движи во правилна насока

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЃорчев: Народот е револтиран од политиките на СДС и ДУИ, новата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати надежта и ќе се избори за Македонија за сите
Следно соопштениеЦелосен колапс во енергетската криза, за СДС успех е што македонските домаќинства плаќаат најскапа цена струја во регионот