Главен проект на СДС и ДУИ: Судство отворено за криминал како пупка

94
Главен проект на СДС и ДУИ: Судство отворено за криминал како пупка

Почитувани,

Само во Македонија мафијата си има своја држава, затоа што има судство кое СДС го отвори како пупка.

Раководствата на судството и обвинителството 6 години е под јеремот и партискиот чекан на СДС и ДУИ.

Во Македонија челните луѓе на судството даваат оставка на свирка од партиските штабови на Бихаќа и Речица и затоа имаме неказнет криминал.

Што стана со туцето на пари мито на Ден Дончев? До каде е случајот со софтверот на Драги Рашкоски? Поради кои политички монтирани случаи е наградена Добрила Кацарска?

Како тоа во Македонија ниту еден голем криминалец не лежи во затвор? Како тоа се застаруваат случаи во фиока додека невини има по затворите.

Нема оправдувања. Судството и обвинителството се урнисани за да тече криминалот на ДУИ и СДС.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСДС безочно лаже дека немало пенали во договорот за Бехтел и Енка
Следно соопштениеАртан Груби ако сака да споредува, нека спореди 7 милиони евра километар автопат во Србија, со 3 пати поскап километар во Македонија