Согласно чл. 28 и чл. 29 од Статутот на МОК, Претседателот на МОК, М-р Даниел Димевски свика редовно Собрание на ОКСМ, кое ќе се одржи на 08 Мај 2023 година (Понеделник), со почеток во 17:00 часот, во хотел Лимак, ул. Јордан Мијалков бр.32, Скопје.
Редовното Собрание ќе го има следниот
Дневен ред:
– Избор на работно претседателство
– Избор на верификациона комисија
– Избор на записничар
– Избор на оверувач на записникот
– Усвојување на Записникот од последното одржано Собрание
– Усвојување на дневен ред
1. Извештај за работата на Олимпискиот комитет на Северна Македонија.
2. Усвојување на финансиските извештаи, ревизии и контроли.
3. Европски игри Краков-Малополска 2023 и Олимписки игри Париз 2024.
4. Тековни проекти на МОК.
5. Разно.
Со почит,
Олимпискиот комитет на Северна Македонија