Косење на тревните површини низ цела општина Кисела Вода

92
Косење на тревните површини низ цела општина Кисела Вода

Од утрово, во општина Кисела Вода интензивно се одвива акција за косење на нараснатите тревни површини. Активностите на сезонските работници ангажирани преку Секторот за месна самоуправа на Општина Кисела Вода, ќе ги опфатат сите месни и урбани заедници.

Се работи со засилено темпо со цел убавото време кое претстои, граѓаните да можат да го искористат во парковите и на другите локации предвидени за одмор и рекреација. Паралелно, се чисти и комуналниот отпад, а општинските служби бесплатно го подигнуваат и кабастиот отпад за што се пријавија 210 семејства. Акциите за чиста и уредна Кисела Вода, ќе бидат чести во периодот што е пред нас.

Апелираме до сите граѓани за совесно однесување и воедно би ги замолиле доколку забележат некоја поголема тревна површина која треба да биде уредена или знаат за некој дел кој случајно бил изоставен при досегашните активности, да ги информираат службите на Општина Кисела Вода, по што ќе може да се интервенира.

Додај коментар



Извор на соопштението

Претходно соопштениеГруби и Ковачевски џабе редат европски знамиња, се покажа дека ја злоупотребуваат ЕУ секогаш кога сакаат да крадат
Следно соопштениеЗаконските измени важат и за проектите финансирани од ЕУ а не само за коридорите