Д-Р МАНОЛЕВА НА НАЦИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА „МЛАДИТЕ И ФАРМАЦЕВТИТЕ–ЗАЕДНО ЗА ДОСТАПНА КОНТАЦЕПЦИЈА“

87

Заменик министерката, д-р Маја Манолева ја отвори националната конференција, на тема „Младите и фармацевтите – заедно за достапна контацепција“.

-Континуирано работиме на унапредување на пристапот до гинеколошка здравствена заштита. Нашата заложба е да ги препознаеме компетенциите на матичните лекари–специјалисти по семејна медицина коишто вклучуваат и грижа за сексуалното и репродуктивното здравје како што се услуги за семејно планирање, контрацепција и сексуално преносливи инфекции, истакна д-р Манолева во своето обраќање.

Фармацевтите се важна алка во унапредување на информираноста на младите во однос на користење контрацепција и грижа за сексуалното и репродуктивно здравје.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРаботилница за финансиското работење на Црвениот крст на РСМ
Следно соопштениеKонференција на проектот GAMES – Олимписки Комитет на С. Македонија