Обука на спортската администрација во Општина ЦЕНТАР

94

Денес во Општина Центар, како резултат на партнерската соработка со МОК, се одржа Обуката на спортската администрација на територијата на општината Центар. Претседателот на МОК, Даниел Димевски и генералниот секретар Сашо Поповски разменија информации со своите колеги од Општина Центар при што беа опфатени теми како што се организација на Олимписки спортски организации (ОСО), развојот на спортот на локално ниво, работа на спортските клубови, општинските сојузи, Националните спортски федерации, Националниот олимписки комитети, но и Меѓународните спортски федерации и Меѓународниот олимписки комитет. Водењето на спортските организации, развојните спортски стратегии и односите меѓу спортските и јавните авторитети како и оперативната средина во спортот исто така беа теми од интерес за спортската администрација од Општина Центар.

Учесниците се запознаа и со најновите активности на МОК и Олимписката спортско медицинска лабораторија на МОК за високи спортски перформанси, која многу помага при идентификација и селекција на млади спортски таленти 

Олимпискиот комитет на Северна Македонија продолжува со обуката на спортската администрација ширум Македонија, тесно соработувајќи со НСФ-ии, спортските клубови, спортистите, ЕЛС, спортските институции и другите спортски ентитети во Република Северна Македонија. Исти вакви обуки МОК организира и во други градови низ Македонија и ќе продолжи и понатаму со слични активности.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЗаконските измени се важни за сите стратешки национални проекти во инфраструктурата
Следно соопштение151 ПХВ проект