МОК СО СИЛНА ПОДДРШКА ЗА ОЛИМПИСКИОТ КАЈАК

96
МОК СО СИЛНА ПОДДРШКА ЗА ОЛИМПИСКИОТ КАЈАК

Денес, во просториите на МОК се одржа работна средба меѓу претседателот на МОК, Даниел Димевски, претседателот и потпретседателот на Европската кајак асоцијација, Жан Зунграна и претседателот на Кајак федерацијата на Македонија (КФМ), Дрилон Леши.

Имајќи го во предвид Европското првенство за сениори во кајак (спуст) на диви води (Скопје, 16-20 Мај 2023 г.), претседателот на МОК, Даниел Димевски информираше за проектот на МОК и КФМ, за развој на Националниот кајак тренерски и судиски систем и беше договорено Андреј Јеленц (ЕКА) од Словенија, тој лично да го води овој проект, кој во почеток ќе трае една година. МОК во целост ќе ги покрие сите финансиски трошоци поврзани со овој проект, кој ќе биде фокусиран на обука на тренери кои ќе вршат идентификација и селекција на млади таленти, развој на тренери во однос на поставување на модерен спортски тренинг и обука на кајакари, јуниори и  сениори, како и унапредување на лиценцниот систем и судискиот кадар во нашата држава. Исто така, беше обновена и идејата кајак патеката во Матка да биде регионален тренинг центар, а Олимпискиот центар ЈАНЕ САНДАНСКИ со своите капацитети, посебно Олимписката лабораторија на МОК за високи спортски перформанси да биде ставена на располагање на најдобрите кајакари од регионот.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеУКИМ на 1990 место е поради (татини) професори како Мицкоски
Следно соопштениеМЕСЕЧЕН ИНФОРМАТОР – МЕСЕЦ АПРИЛ – Општина Струмица