РК Еурофарм Пелистер – РК Еурофарм Пелистер е подготвен за шампионскиот викенд!

95
РК Еурофарм Пелистер – РК Еурофарм Пелистер е подготвен за шампионскиот викенд!

Натпреварот Еурофарм Пелистер – Тиквеш ќе се одигра в сабота, на 27 мај, од 18:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

Билетите за натпреварот ќе се продаваат почнувајќи од петок, 26 мај, од 15:00 часот на повеќе пунктови пред спортската сала „Боро Чурлевски“. Во билетот, по цена од 250 денари, ќе биде вклучена и зелена шампионска маичка, која ќе ја добиете при купувањето на секој билет. Ве молиме да ја понесете со себе и да ја „обоиме“ спортската сала во зелено за време на натпреварот.

Носителите на сезонски билети на посебен пункт пред салата од петок 15:00 часот ќе може да ја подигнат шампионската маичка.

Ве молиме в сабота попладне најдоцна до 17:30 часот да ги заземете своето место во спортската сала „Боро Чурлевски“.

РК Еурофарм Пелистер ги повикува своите пријатели, симпатизери и навивачката група „Чкембари“ в сабота заеднички да ја прославиме шампионската титула за сезоната 2022/23.

По завршувањето на натпреварот, од 20:00 часот на плоштадот Магнолија во Битола ќе започне централната прослава за сите битолчани, во кој е е предвидена богата забавна, музичка и спортска програма. Деталите околу ракометниот хепенинг ќе бидат објавени на денот на натпреварот.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеСтоилковски му одговори на Богоев: Стефане бруко една, заборави ли дека Ковачевски вчера држеше говор во Св. Софија или заборави зошто не те поканија на него
Следно соопштениеПремиерот домазет Ковачевски, го злоупотребува европското знаменце и иднината на Македонија за Груби и грабежот на векот преку експропријациите за коридорите