РК Еурофарм Пелистер – Словенецот Нејц Цехте од ГОГ Гудме потпиша за Еурофарм Пелистер!

86
РК Еурофарм Пелистер – Словенецот Нејц Цехте од ГОГ Гудме потпиша за Еурофарм Пелистер!

РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека нов член на нашиот клуб е словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте. 30-годишниот десен бек доаѓа во редовите на македонскиот шампион од четвртфиналистот на Лигата на шампионите на ЕХФ и актуелен првак на Данска, ГОГ Гудме.

Цехте е стандарден словенечки репрезентативец, има 52 настапи за својата селекција, вклучувајќи и Европско и Светско првенство. 195-сантиметри високиот Нејц Цехте потекнува од ракометно семејство, бидејќи и неговиот брат Клемен Цехте беше професионален ракометар и словенечки репрезентативец.

Нашиот нов член се афирмира во дресот на Горење Велење, клуб со кој стана национален шампион на Словенија и играше во Лигата на шампионите. Во 2018 година следеше трансфер во Хановер, каде Нејц играше четири години и ја делеше соблекувалната со Урбан Лесјак, со кого пак ќе играат во ист клуб. Во сезоната 2022/23 со ГОГ Гудме дојде до историски успех во Лигата на шампионите, каде се најде меѓу осумте најдобри екипи, а се бори и за одбрана на титулата шампион на Данска.

Цехте се обрвза на едногодишен договор, со опција за уште една сезона. Неговото претставување клубот го предвидува кон средината на јули, на почетокот на подготовките на екипата за сезоната 2023/24.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеМора да се стави крај на катастрофите на владата на СДС и ДУИ, идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ нуди решенија, приклучете се сите кон промените во акцијата „Ова е Македонија за сите“
Следно соопштениеПред Мицкоски е одлуката, дали ќе ја поддржи европската иднина или ќе го следи патот на Груевски