ЈУНСКА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ОПШТИНА КАРПОШ

90
ЈУНСКА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ОПШТИНА КАРПОШ

Во знакот на хуманоста и солидарноста, Општина Карпош и Здружението ГалИцко во соработка со Црвениот Крст на Општина Карпош и Институтот за трансфузиона медицина , на 13 јуни (вторник) ќе организираат голема крводарителска акција во спортската сала на ООУ „Лазо Трповски“од 09:00 до 17:00 часот.

Карпошани во уште една прилика ќе ја покажат својата човечност и ќе даруваат крв со цел да се спаси нечиј живот. Според статистиките, Општина Карпош е на врвот во собрани најголем број крвни единици меѓу сите општини во нашата држава.

Ги повикуваме сите граѓани да се приклучат во акцијата.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеНема уставни измени без зачуван идентитет и јазик, на Ковачевски поважно му е ДУИ да не биде опозиција, отколку Македонија да оди напред
Следно соопштениеЕлектроснабдување