Општина Битола започна со работни активности на терен за реализација на проектот „Изградба на паркинг простор и канализација за одводнување со пристап од улиците Цане Василев и Кочани“.
После комплетното расчистување на овој простор и отстранувањето на диво поставените времени објекти, со реализацијата на проектот ќе се овозможи уредување на долгогодишно запуштениот простор и ќе се изгради нов паркинг простор за 34 автомобили на површина од 1130,71 метри квадратни.
Во моментот се работи на канализационата мрежа и одводнувањето во должина од 112,4 метри. Вкупната инвестиција на општина Битола, за овој проект изнесува 4.022.360 денари
The post ЗАПОЧНАА РАБОТНИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА ИЗГРАДБА НА ПАРКИНГ ПРОСТОР КАЈ УЛИЦИТЕ „ЦАНЕ ВАСИЛЕВ“ И „КОЧАНИ“ appeared first on Општина Битола.