АД МЕПСО расипнички се однесувало со парите на граѓаните, претходното раководство да одговори дали донациите се согласно закон

72
АД МЕПСО расипнички се однесувало со парите на граѓаните, претходното раководство да одговори дали донациите се согласно закон

Работењето на АД МЕПСО под претходното раководство е сомнително по неколку основи, а особено во делот на давање донации. 

За 2024 година на име донации и спонзорства АД МЕПСО предвидело вкупно 12.300.000 денари, а потрошило по овој основ 22.712.500 денари.

Законот за донации и спонзорства согласно член 11 предвидува да се утврди целта на донација и истата да биде од јавен интерес.

Оттука се поставуваат прашањата.

Прво, кој е јавниот интерес кога станува збор за донацијата на АД МЕПСО, односно од донацијата за Здружението на граѓани за промоција 22 Нентор. Здружението добило 120.000 денари.

Второ, СЕСОН добило 300.000 денари и ОФ на Македонија добило 1.000.000 денари, а нема никакви јавни податоци.

Трето, Центарот за модерни и спортски танци Прима Данца од АД МЕПСО добил 300.000 денари во месец април оваа година.

Четврто, боречки клуб Тефејуз Скопје од АД МЕПСО добил 300.000 денари.

Објавеното е само мал дел од листата на донации кои ги давало АД МЕПСО, а за кои има основано сомнение дека не е почитуван Законот.

Затоа прашуваме, прво, дали согласно член 19 од Законот за донации и спонзорства се изготвени извештаи помеѓу давателот и примателот на донацијата, извештаи согласно закон се задолжителни, второ, дали врз основа на извештаите јасно е утврден јавниот интерес, односно користа од донацијата за јавноста?

Јавноста ќе ја информираме за сите неправилности, а за истите надлежните институции треба да реагираат веднаш. Одговорност за непочитување на правните норми мора да има.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеФОРМИРАЊЕ НА ЗДРАВИ ЖИВОТНИ ЗАЕДНИЦИ
Следно соопштениеТротоарот и велосипедската патека на улица Јане Сандански узурпирани како резултат на градежни активности од приватен објект Левица