АДМИНИСТРАТИВЦИТЕ ОД КАРПОШ ГО ОСВОИЈА ТРЕТОТО МЕСТО ВО СЕВКУПЕН ПЛАСМАН НА СИНДИКАЛНИТЕ ИГРИ ВО ОХРИД

498
АДМИНИСТРАТИВЦИТЕ ОД КАРПОШ ГО ОСВОИЈА ТРЕТОТО МЕСТО ВО СЕВКУПЕН ПЛАСМАН НА СИНДИКАЛНИТЕ ИГРИ ВО ОХРИД

Синдикалната организација од Општина Карпош го освои третото место во севкупен пласман на 29. синдикални игри и средби, кои се одржаа минатиот викенд (6-9 јуни) во Охрид. Во рамки на синдикалните игри кои ги организираше Синдикатот на УПОЗ, учествуваа над 390 претставници од 32 синдикални организации од државава.

И на овие синдикални игри Општина Карпош покажа доминација во екипните спортови, па така, со златни медали се закитија машкиот тим во кошарка и мешаниот тим во одбојка, а бронза освоија женската кошаркарска екипа и мешаниот тим во влечење јаже. Во поединечните спортови освоивме сребрен медал во тенис, во женска конкуренција.

Синдикалната организација на Општина Карпош изразува голема благодарност до своите учесници на игрите за вложениот труд и постигнатиот успех, а особено до членовите на Советот на општината, како и до градоначалникот за изразената поддршка преку овозможување на соодветни услови за подготовка и достојно претставување на општината на синдикалните игри.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЕлектроснабдување
Следно соопштениеЗавршната конференција на проектот Greenovet – European VET excellence platform for Green innovation во Грац, Австрија